Чадвик Боузман (Chadwick Boseman) кој се прослави на големото платно во улогата на Црниот пантер во истоимениот блокбастер на „Марвел“ (Black Panther), почина вчера во својот дом во Лос Анџелес, на 43 годишна возраст од рак. Со него била сопругата, пејачката Тејлор Симон Ледвард и семејството.

Актерот Чадвик Боузман почина на 43 возраст од рак. Фото: Марвел.

Семејството информираше дека пред години на Боузман му бил дијагностициран рак на дебелото црево. Тој никогаш дијагнозата не ја соопшти јавно, дури и по фотографиите на социјалните мрежи на кои тој изгледа непрепознатливо, пренесуваат светските агенции.

Босман стана планетарно познат по улогата на T’Challa во марвеловите филмови: Captain America: Civil War, Black Panther, Avengers: Infinity War and Avengers: Endgame, но тој зад себе има и серија успешни улоги во други филмови: Get on Up, Marshall, Da 5 Bloods, а во август работеше на својот последен филм чија премиера се очекува на крајот од годината.

Од актерот се простија неговите најблиски, колегите актери и фановите.

OhridNews