Заживува идејата за затворен базен во Охрид, смета директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски, кој во интервју за OhridNews отворено зборува за Охридскиот пливачки маратон и потребата оваа некогаш врвна спортска манифестација да го врати изгубеното реноме, како и за најактуелната тема ова лето на домашната спорстска сцена – трансформацијата на клубовите во акционерски друштва.

ОN : До каде е реализацијата на идејата за изградба на покриен базен во Охрид?

– Со проектот 9 Олимписки базени најправин се одлучивме да изградиме два помали базени со димензии 33 на 25 метри, доволни за ватерполо натпревари со капацитет од 300 до 500 гледачи. Како приоритетни локации се издвоија Крушево и Охрид и ние веднаш ги започнавме процедурите за да се отпочне со градба. Во ноември, кога владата го усвои проектот ја задолжи АМС да избере идејни решенија, со цел истите а се имплементират во Деталните урбанистички планови, за да може да добиеме дозвола за градба. Избравме убаво идејно решение, сега сме во преговори со првонаградениот автор на конкурсот да продолжи да го прави проектот, и веројатно тие преговори ќе завршат за десетина дена.

Во меѓувреме потребно е да се обезбедат изводи од Деталните урбанистички планови, конкретно за Охрид сме во фаза на чекање да поминат најновите законски измени во законот за градба, со цел архитектонско урбанистичките проекти, да се прават без идејни решенија, бидејки за “Билјанини Извори“ тоа ќе одземе неколку месеци. Се предлагаат измени за парцелите кои што имаат намена спорт и рекреација. Одобрението да го издава Министерството за транспорт и врски, во тој случај многу побрзо ќе оди постапката, отколку да се оди преку советите на општините. Ние очекуваме ако успеме да добиеме извод од ДУП-от до септември проектот да биде готов од декември, по што ќе побараме дозвола за градба и ќе распишеме тендер за изведувач. Со оглед на тоа што ќе биде зимски период најреално е да се очекува стартот на градежните работи да биде некаде со почетокот на градежната сезона , месец март 2013 година . Апсолутно во Охрид имаме потреба и за отворен и затворен Олимпски базен. – истакна Попоски.

ON : Охридскиот пливачки маратон и годинава минува низ бурен период. Вашиот претходник најави дека АМС ќе преземе поголем дел околу организацијата.

– Годинава има проблем поради севкупните финасиски проблеми со кои се соочуваме. Охридскиот пливачки маратон како најголема спортска манифестација заслужува висок третман, но не е едноставно да се обезбедат тие средства, ние ги правиме сите напори, формиран е тим со кој се среќаваме редовно и мислам дека оваа година ќе имаме организација како што доликува. Имавме проблем околу терминот, бидејќи е Олимпијдата блиску и има еден маратон што се одржува во Хрватска, што претставува поголема пречка отколку финансиите. Со повеќе финасиски средства ќе се направи повеќе со помалку средства нормално помалку, но во секој случај Маратонот ќе биде организиран како што треба, во тоа не се сомневам – рече Поповски



ON: Само четворица македонски спортисти ќе настапат на Олимписките игри, притоа и тие ќе учествуваат со покани, т.н вајлд карти.  

– За жал морам да ја потврдам таа констатација. Во спортот крајната цел е резултатот. Да се бараат оправдување и причини, сигурно има и субјективни и објективни, посебно во олимписките спортови и посебно во индивидуалните спортови. Навистина не само декларативно после секои Олимписки игри да зборуваме туку навистина треба да се зафатиме со работа и да се подоготвуваме за следната Олимпијада. Треба да се земат некои реални параметри како показатели. Знаеме дека еден олимпиец во индивудуален спорт чини од 20 до 30 илјади евра, што значи дека  му се потребни најмалку 200 дена подготовки во годината, тоа се отпрлика 100 евра дневно. Тоа се средствата кои се вложуваат  во соседството во Србија во Хрватска, во Словенија. Четири години треба да се вложува за да може да се квалификуваат за Олимпијда, значи реално голема работа е да се исполни Олимписка норма. Но треба да сме свесни дека и ефектите од спортот се огромни. Гледате дека во последните неколку денови на спортскиот канал Евроспорт најмалку три или четири пати беше емитувана емисијата за српскиот олимпски комитет, за Владе Дивац и Новак Ѓоковиќ, не верувам дека постои медиум во светот каде што не е информирано за резултатите на Новак и тоа од каде потекнува.


ОN : Што е со групните спортови?

– Групните спортови се многу поинтересни за публиката и реално може да привлечат многу средства, не само од државата туку и од приватните компани, меѓутоа мора да постои партнерство и тие средства да се користат транспаретно. Секој кога ќе види дека тие средства се користат на таков начин, ќе сака да биде дел од таа приказна. Наместо здружение на граѓани спортските клубови да бидат регистирани како спортски друштва. На тој начин ќе го заштитиме капиталот на сите кои влегуваат со искрени намери.

Истите работи се случуваат и вофедерациите. Не може да биде четврти или петти во Европа, и да не можете за репрезентацијата да ги платите авионските карти или сместувањата. Кај групните спортови кога се инвестира во клубот средствата се далеку поголеми, отколку кога се инвестира во федерацијата. Репрезентацијата се среќава неколку пати во годината, имаат заеднички подготовки и одигруваат неколку натпревари. Имаме ситуации кај некои клубови немаат никакви проблеми со картите, немаат никакви проблеми со тренинзите а кога ќе дојде време за репрезентацијата, истите тие кои се дел и од клубовите и од федерацијата доаѓаат кај нас и како ние да сме на различни страни, ни велатт ако сакате ние да одиме на Европско првенство, тогаш обезбедете ни карти.

ON: Имаше поплаки од страна на спортистите за начинот на кој се третирани?

– Јас како спортист никогаш не сум се пожалил дали сум одел со тренерки или без тренерки, дали сум имал појака исхрана или не, секогаш сум одел да го дадам максимумот, и се гордеам со тоа. А не однапред уште не отиден да поставувам услови. Настапот во репрезентацијата е светост. Tреба да се трудиме во тие репрезентации да играт македонски спортисти, и до кај и да стигнат не е важно, добро е да има и по некој странец, поготово каде што има потреба да ни помогне во таа приказна, но ние треба да ја градиме нашата приказна. Ние еднаш мора да одлучиме кои спортови ќе ги финасираме приоритетно, а тоа се олимпските спортови со кои можеме да одиме на Олимпијада, како и не олимписки спортови преку кои можеме да освоиме медал, тие се критериумите за успех. 


ОN : Не отстапувате од трнасформацијата на клубовите во Акционерски рруштва.

– Се уште има време за трансформација на клубовите. Јас уште во ноември се сретнав со дел од фудбалските, ракометните и кошаркарските екипи. Единствена пречка за тоа е тешката финансиска криза и спонзорите неколку пати размислуваат пред да застанат зад некој клуб. Секој клуб што сака да игра Прва лига во овие три спорта мора да се трансформираа. Во тек се дополнителни олеснувања за клубовите, ќе имаат големо олеснување во плаќањето на здравствено осигуравање за фудбалерите и кадарот воопшто во клубот. Исто така многу е важно федерациите да излезат во пресрет на клубовите. Тие плаќаат големи котизации да играат во првите лиги, па сега треба и федерациите да им помогнат. Има големи проблеми некој што бил спонзор на клубот сега сака да биде и сопственик на клубот. Тоа на клубот на некој нема да му одговара. Законот нема да се одложи по никоја цена, ние паднавме на испитот како здруженја на граѓани. Дојдовме до ова ниво кое сме денес. Мислам дека сите треба да покажат голема свест и клупскиот спорт да земе голем земав.

Трансформирање во фудбалот закочи со изборното собрание во ФФМ. Ние сме таков народ што се знаеме, и се правиме во последниот термин. Како Агенција деноноќно ги следиме збиднувањата во спортот. Формиравме комисија во фудбалот каде се Илија Најдовски и Васил Рингов. Ракометната комисија е составена од Брестовац и Магдинчев. Каде ќе може агенцијата ќе помогне да ја реализираме нашата идеја. Нема аргументи освен политичка борба во клубовите кој да биде на власт. Еден клуб кој ќе биде формиран како АД може да врши стопанска дејност. Бенефицииите се големи за Акционерските друштва. Од секој клуб може да се направи бренд – истакна Поповски


ОN : Македонската атлетика е далеку од “Кралица на спортовите“

– Многу добро сум запознаен со состојбите во Атлетската федерација бидејќи со години нананзад сум во спортот. Кој бил претсадетал кој колку донел и придонел, ние спортистите знаеме. Значи во моментот финансиската ситауција во Атлетската федерација е подобрена. Пред неколку години баш кога во Охрид се ставаше патеката, на Атлетската федарација и се натовари долг од 30 000 евра што уште ден денес го плаќаат. Кој се не ветуваше поддршка за таквиот потег и на крај плаќањето остана на грбот од Атлетската федерација. Избран е нов претседател кој е запознаен со состојбите и ако ги постави работите како што треба може да елиминираат сите пречки кои го кочат развојот на спортот. Покрај Охрид ние имаме план атлетиката да се развие во Велес, Штип и Струмица. Во моментот Македонија нема доволно стручен кадар за атлетика. И тие тренери што се глумат небаре се богови во своите клубови. Не може некој тренер или претседател да суспендира атлетичари кога ќе му текне. Запознаен сум со еден таков случај, не дошол на натпреварување а потоа бил изоставен од Балканското првенство. Ние планираме да направиме Арбитражна комисија која ќе носи олдуки за таквите спорни ситуации, вели Поповски.

ОН : Одредивте нова награда за спорт ?

– Да, одредивме државна награда за спорт, таа ќе биде на ранг на  Св Климентовата, и ќе се вика 8 Септември. Помина во Парламентот и неа ја изгласаа и опозицијата и позицијата. Спортот е национален интерес.

Мирко Постоловски