Поради пад на системот, корисниците на Yahoo Mail низ светот, утрово не беа во можност да ги користат услугите на оваа интернет страна. Проблемите се појавија околу 7 часот, при што илјадници корисници се жалеа дека не се во можност да се поврзат на Yahoo или да ги читаат нивните мејлови.

Проблемот траеше неколку часa, при што од Yahoo беше издадено соопштение дека има проблеми со серверот и дека прават се за нивните корисниците што поскоро продолжат да го користат Yahoo.

OhridNews