Папата Франциск доживеал мала непријатност непосредно пред неделната миса на плоштадот Св. Петар во Рим. Имено, поради проблеми со електричната енергија тој заглавил во лифт, при што морале да интервенираат пожарникари, кои го ослободиле „заробениот“ папа, пренесува „BBC“.

Поради проблемот папапата со задоцнување се појавил на неделната миса. Тој пред верниците со насмевка ја раскажал непријатната случка и побарал аплауз за пожарникарите кои го ослободиле од лифтот, на кои јавно им се заблагодарил.

OhridNews