Последното трето коло даде конечен расплет во двете групи во главната рунда и ги официјализираше полуфиналните двојки на Мундијалот во Германија и Данска.

Ко-домаќините се избегнаа и нивна меѓусебна пресметка е можна само во финалето. Германија која финишираше прва во групата 1 за противник ја доби норвешката селекција, додека вистинска дерби пресметка ќе понуди втората полуфинална двојка помеѓу Данска и Франција.

Денеска одмораат ракометарите и утре ќе ги одиграат полуфиналните натпревари. Финалето е закажано за в недела.

OhridNews