Германската полиција уапси маж кој во пешачка зона во Гринштат, на југозападот од земјата, шетал со самурајски меч и со стартен пиштол. После неколку повици од загрижените минувачи, полицијата која дошла во пешачката зона слушнала пукање и го забележала мажот во видно алкохолизирана состојба.

Го оставил оружјето и се предал откако полицијата испукала предупредувачки куршум.

Деталите не се познати, а полицијата неведува дека нема индиции дека инцидентот бил политички мотивиран.