Фудбалскиот клуб Шангај го известил Одион Игало дека на 1 јуни мора да се врати во Кина. Игало од јануари до  март, кога беше прекината сезоната, настапуваше како позајмен играч во Манчестер Јунајтед.

Нигерицот остави добар впечаток поради што медиумите шпекулираа дека Манчестер Јунајтед ќе се обидат да го откупат неговиот договор.

Сепак работите не одат онака како што би посакале на „Олд Трафорд“. Шангај го известиле Игало дека на 1 јуни мора да се врати во Кина, каде ќе треба две недели да биде во карантин, а потоа да се приклучи на подготовките на клубот.

Јунајтед позајмицата ја платиле четири милиони евра. Доколку Игало замине тоа ќе претставува голем проблем за менаџерот Оле Гунар Солксјер бидејќи ќе остане со само еден класичен напаѓач во тимот, Маркус Рашфорд.

Од друга страна Кинезите му нуделе нов договор на Игало според кој би имал месечна плата од два милиони евра.

OhridNews