
На почетокот од расправата пратениците од власта и опозијата беа со дијаметрално спротиставени ставови. За првите отпочнатиот процес е историска шанса, а за вторите тој е неуставен и против интересите на земјата.
Премиерот Заев во текот на расправата повика на заедништво, единство и консензус во процесот.
– Верувам блиску сме, единство, заедништво, консензус, но немојте назад. Видовме што се случи. Ни заминаа млади, светот напредува, а ние одиме назад. Што ако ја пропуштиме оваа шанса? Да, решението е заедно, верувам дека исти ни се целите за Македонија во ЕУ и НАТО, рече Заев.
OhridNews
фото: влада.мк












