Мапирана и расчистена е дива депонија на улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид при што подигнати се 20 кубни метри несоодветно депониран кабаст отпад, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Огромни количини од кабаст отпад беа расфрлани покрај патот на оваа фреквентна локација, како сведоци на нечија негрижа за човековата околина, загадувајќи го јавниот простор кој треба да ни служи на сите, реагираат од претпријатието.
OhridNews














