Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес со вкупно 22 ракометари во понеделник во Скопје ќе ја започне мисијата Светското првенство во Германија и Данска.

Од поширокиот список кој првично го објави македонскиот селектор отпаднаа шест ракометари. Помеѓу нив се наоѓаат Немања Прибак, Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Јане Цветкоски, Марко Мишевски и Филип Миркуловски кој претходно најави отсуство од репрезентацијата.

Кога на шесте ракометари ќе се додаде и недостатокот на долгодишниот столб во одбраната Ацо Јоновски може да се заклучи дека Македонија со изменет состав и нов лик ќе настапи на Светското првенство во Германија и Данска.

„Црвено жолтите“ имаа нешто помалку од три недели тактички да се потковаат и максимално подготвени да ги пречекаат мечевите на Мундијалот.

Македонија во групата на СП се наоѓа со Јапонија, Бахреин, Шпанија, Исланд и Хрватска.

OhridNews