Екипата на Реал Мадрид го совлада Интер со 2-0 во Милано и направи голем чекор напред кон пласманот во нокаут фазата во Лигата на Шампиони. „Кралевите“ триумфот го обезбедија со погодокот на Еден Азард од пенал во првиот дел и автоголот на Ашраф Хакими во второто полувреме.

Одигравме одлично од првата до последната минута. Бевме сериозни и енергични. Разбравме дека важноста на овие три бода е огромна. Тоа му помогна на мојот тим да го покаже својот најдобар фудбал. Морам да им се заблагодарам на моите момци. Денес немавме други опции освен да победиме. Тајната на успехот беше во тоа што секој даде 100 проценти. Целосно ги заслуживме овие три бода бидејќи ја контролиравме играта до последниот момент. – изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Борусија Менхенгладбах со осум бодови е лидер на табелата во Б групата. Реал Мадрид има седум поени и се наоѓа на втората позиција, пред Шахтјор Доњецк со четири односно Интер два бодови.

Италијанскиот калчолигаш Аталанта продолжи да бележи фантастични резултати, победувајќи го Ливерпул на „Енфилд“ со 2-0. За „сино-белите“ прецизни беа Јосип Иличиќ односно Робин Гузенс.ќ

Кога работев во Џенова, тие се сеќаваа како победија тука во 1992 година. Сега успеав да победам на „Енфилд“ со Аталанта. Ова е неверојатно достигнување. Ова е исто така корисно од гледна точка на останување во комбинација за поминување на групната фаза. – рече предводникот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини.

Ливерпул и покрај поразот остана на водечката позиција во групата со девет бодови, додека Аталанта и Ајакс ја делат втората позиција со седум поени. Четвртопласиран е тимот на Митјиланд.

OhridNews