На норвешкиот архипелаг Свалбад на Арктикот викендов се измерени рекордни 22 степени Целзиусови, објави Метеоролошкиот институт на Норвешка.

Највисоката температура на овој архипелаг претходно била измерена летото 1979 година 21,3 степени.

Рекордно високата температура измерена вчера е далеку над просекот за Свалдбард за овој период од годината. Иако се работи за најтоплиот период таму, максималната температура на ова далечно место на северот се движи помеѓу 5 до 8 степени Целзиуосви.

Невообичаено високи температури ова лето се измерени и во Сибир како и во подрачјата околу Арктикот каде  летово беа измерени високи 38 степени Целзиусови.

Според норвешката научна студија „Климата во Свалбард 2100“, просечната температура во Свалбард помеѓу 2070 и 2100 година ќе порасне за 7 до 10 степени во однос на периодот помеѓу 1970 и 2000 година, доколку продолжи влијанието на човекот врз климата.

На архипелагот Свалбард кој е познат по поларните мечки и рудникот за јаглен со енергија која емитува најмногу стакленички гасови, сместена е и „Вегетациската ноева арка“. Станува збор за своевидна ботаничка банка во која се чуваат семиња за иднината во случај на катаклизма.

OhridNews