Заради ограничување на пандемијата на коронавирус, САД го суспендираа влезот на патници од Европа на 30 дена.

Американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиско обраќање најави  дека границите за луѓето од Европа ќе бидат затворени од петок на полноќ. Тој ги обвини државите од ЕУ за недоволно брзо реагирање против ширењето на новиот вирус. Оној кој во изминатите 14 дена престојувал во Шенгенскиот простор, не смее да влезе во САД, изземени се само американски државјани и луѓе со постојан престој во земјата.

Коронавирусот е проширен и во САД. Официјалните информации од Џонс-Хопкинс Универзитетот велат дека кај 1300 луѓе е регистрирана инфекција со Ковид-19, а има околу 40 смртни случаи.

Трамп најави дека е предвидено пролонгирање на роковите за плаќање данок на одредени претпријатја и групи граѓани.

OhridNews