Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува и „белите дробови на светот“.Фотографиите на НАСА покажуваат дека ситуацијата во неколку бразилски држави е застрашувачка.Повеќе од половина од пожарите се наоѓаат во огромниот басен на Амазон, каде живеат повеќе од 20 милиони луѓе.

Пожарите беснеат со рекордна стапка во бразилската дождовна шума во Амазон, а научниците предупредуваат дека може да се случи уништувачки удар во борбата против климатските промени.
Станува збор за најголем број на пожари кои избувнале од 2013 година, кога ситуацијата на терен почнала да на следи Националниот институт за истражување на вселената (познат по кратенката INPE).

Амазон честопати се нарекува ,,белите дробови на планетата”, бидејќи произведува 20% од кислородот во земјината атмосфера. Се смета дека е од витално значење за забавувањето на глобалното затоплување и е дом на безброј видови на фауна и флора.