Во околината на Лозница, западна Србија, претпладнево се сруши воен авион Миг 21. Во несреќата еден пилот го загуби животот, а по вториот се трага, јавува РТС.

Телевизијата Подриње од БиХ, објави видео снимка од несреќата, на која се гледа густ чад како се крева од местото на трагедијата.

Авионот на српската армија Миг 21 кој се сруши денеска бил стар 34 години. Бил ремонтиран во 2016 година, а по пауза од две години од мај оваа година повторно буил ставен во функција.

Г.М.