22-та седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи во понедленик на 30-ти јануари со почеток во 09:00 часот.

На дневен ред се 37 точки меѓу кои Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови за 2023 година, Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2023 година, како и за утврдување на почетна цена за поставување на урбана опрема.

Пред советниците ќе се најдат и Предлог одлуките за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП Билјанини извори – Охрид, ценовник за извршување на услуги на ЈП Водовод Охрид, ценовникот на услуги на ЈП Нискоградба Охрид, како и за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и за формирање штаб за заштита и спасување.

Меѓу точките и оние кои се однесуваат на урабнистичко-плански документации. Детали за дневниот ред на следниот линк.

OhridNews