Екипата на Барселона без новиот тренер Роналд Куман покрај аут линијата ќе ја започне новата сезона во шпанската Ла лига, откако каталонците со стариот Кике Сетиен ќе завршат на суд.

Сетиен ќе ја тужи Барселона за неисплатени 4 милиони евра и несредување на потребните документи до претходно договорениот рок. Сетиен од клубот побарал „чисти“ документи до 26 август кои не ги добил и одлучил правдата да ја бара на суд.

Сетиен беше лидер на Барса во само 25 меча, од кои победи во само 16, предводејќи ја Барселона до „колапс“ во борбата за титулата во Ла лига и срамниот настап во Лигата на Шампионите каде отпадна во 1/4 финалето од Баерн Минхен после поразот 8-2.

Барселона шампионатот го отвора на 27 септември на домашен терен против тимот на Виљареал.

OhridNews