Светското првенство во фудбал во САД, Канада и Мексико продолжи со натпреварите од второто коло во групите Г и Х, по кои Шпанија направи голем чекор кон пласман во нокаут фазата, додека Египет ја забележа првата победа на светските првенства.


Во групата Х, Шпанија убедливо ја совлада Саудиска Арабија со 4:0 и се зацврсти во врвот на табелата. Во вториот натпревар од групата, Уругвај и Зеленортските Острови одиграа возбудлив натпревар кој заврши без победник 2:2.

Во групата Г, Белгија и Иран ги поделија бодовите играјќи 0:0, а Египет славеше над Нов Зеланд со 3:1 и остана во игра за едно од местата што водат во нокаут рундата.

Денеска и ноќеска на програмата се четири нови средби од групите И и Ј. Најголемо внимание привлекува пресметката меѓу актуелниот светски првак Аргентина и Австрија, додека Франција ќе се соочи со Ирак. Во останатите натпревари ќе играат Норвешка и Сенегал, односно Јордан и Алжир.

OhridNews