Репрезентацијата на Шпанија постави рекорд по посед на топка на натпреварите од Светското првенство.

Во вчерашниот натпревар од групната фаза на СП 2022 во Катар против репрезентацијата на Костарика (7:0), Шпанците имаа 81,7% од топката и го соборија рекордот на Аргентина, поставен на Светското првенство во 2010 година. Тогаш поседот на Аргентинците на натпреварот против Грција беше 80,3%.

Светското првенство во 2022 година се одржува во Катар, а ќе заврши на 18 декември.

Репрезентацијата на Шпанија игра во групата Е со Костарика, Германија и Јапонија.

Следниот натпревар Шпанците ќе го одиграат на 27 ноември против Германците во 20 часот по македонско време.

OhridNews