Селекциите на Шведска и Шпанија имаа успешен финиш на планетарниот ракометен собир во Германија и Данска победувајќи во средбите со Хрватска и Египет во разврската за 5-та односно 7-та позиција.

„Викинзите“ до петтото место на Мундијалот стигнаа со триумфот над Хрватска 34-28, додека шпанците кои допатуваат со големи очекувања во Германија и Данска мораа да се задоволат со седмата позиција после победата над Египет (36-31).

После одгатнување на дилемите за позициите пет и седум останува шлагот на тортата односно финалните натпревари на Мундијалот. Во големото финале ќе се сретнат Данска – Норвешка, а во малото силите ќе ги одмерат Германија – Франција.

OhridNews