Дербито во црногорското првенство помеѓу Сутјеска – Будуќност имало трето полувреме. Симпатизерите на домашниот состав незадоволни од исходот кој им припадна на гостите (0-2) го каменувале клупскиот автобус на Будуќност.

Информацијата ја потврдила црногорската полиција која брзо реагирала и спречила поголем инцидент. Фудбалерите на Будуќност биле видно потресени, но за среќа избегнале било какви повреди.

Полицијата изврши увид на лице место. Констатирана е материјална штета, без физички повреди на фудбалерите и останатите членови од екипата. Се преземаат сите мерки за идентификација на напаѓачите кои го каменуваа автобусот. – стои во извешајот од полицијата.

Будуќност со победата во дербито го симна тимот на Сутјеска од врвот и го запоседна првото место на табелата.

OhridNews