Манчестер Сити убедливо со 3-0 го совлада Сандерленд во воведниот меч од викенд колото во Премиерлигата. Коларов, Агуеро и Милнер беа стрелци во триумфот на „граѓаните“. Победата го исфрли актуелниот шампион на втората позција на табелата.

Резултати: Манчестер Сити – Сандерленд 3-0, Челси – Норвич 4-1, Свонси – Ридинг 2-2, ВБА – КПР 3-2, Виган – Евертон 2-2