Во Музејот на градот Дубровник, Република Хрватска, вчера беше отворена изложбата „Скриеното богатство на Македонија – Убавина која не познава граници“ од авторката Бранка Хајдиќ.

Дубровничкиот музеј со оваа изложба го претставува богатото текстилно, но и друг вид културно наследство зачувано на подрачјето на Македонија на преминот од 19 во 20 век и во текот на 1950-те и 1960-те години, кои како колекција или музејски збирки се зачувани во Дубровник, пренесува „Дубровачки вјесник“.

Изложбата, како што наведува истиот извор, е дел од проектот за зајакнување на меѓуинституционалната и меѓународната соработка со Македонија и истражување на текстилните ракотворби и нивните трансформации низ времето. Со тоа се истакнува и придонесот на хрватските истражувачи во собирањето, заштитата, зачувувањето и презентацијата на македонските народни носии како национално културно богатство и заедничко добро на сите словенски народи во Југоисточна Европа.

OhridNews