Словенечката компанија „Адриа Ервејз“ поднесе барање за банкрот и ги откажа сите летови, информираа од компанијата. Претходно авиопревозникот откажа голем број летови поради финансиски проблеми.

„Постапката за прогласување на банкротот е покрената од страна на управата на компанијата“, соопшти Адриа, која е во сопственост на германскиот инвестициски фонд 4К Инвест. Судот има законски рок од три дена во кој ќе донесе одлука за отворање на постапката за банкрот.

Словенечкиот министер за економски развој и технологија, Здравко Почивалешк, изјави дека владата ја разгледува можноста за основање на нов национален авиопревозник.