Припадници на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид, заедно со членовите на Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, успешно пронајдоа и евакуираа исчезнато повозрасно лице во спасувачка акција што се одвиваше синоќа.
Како што информира ТППЕ Охрид, акцијата била организирана по барање на граѓанин, а по повеќечасовна потрага лицето било пронајдено на тешко пристапен терен.
Благодарение на упорноста и координираната работа на спасувачките екипи, повозрасното лице е пронајдено во добра здравствена состојба и успешно евакуирано од локацијата.
OhridNews
Фото: ТППЕ Охрид











