По повод Светскиот ден на срцето, денес во просториите на ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид во соработка со Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје, кај пациентите се организира скрининг на кардиоваскуларниот ризик со мерење на крвен притисок и одредување на липиден статус, каде и се споделуваа совети и информативни материјали од страна на доктори од болницава и претставниците од Крка – Фарма.
Целта на овие активности е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето, велат од Болницата.

OhridNews















