Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а наместа повремено зсилен ветер. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. Во Охрид до 29 степени.

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет, информира УХМР.

Г.М.