Ултра квалитетен ракомет, борба до последните мигови и поделба на бодовите (25-25) понуди супер дербито помеѓу Германија и Франција во рамките од четвртата рунда во групата А.

„Триколорите“ кои ја бранат титулата на Мундијалот во Германија и Данска до бод стигнаа со погодокот на Н`гесан со звукот на сирената. „Панцирите“ на нецела минута до крајот имаа еден позитива и напад кој не го реализираа, а казната ги стигна на спротивната страна преку ракометарот на Барселона.

Франција и Германија со ремито обезбедија пласман понатаму, а во последната петта рунда селекциите на Русија, Бразил и Србија ќе се борат за третото место кое води понатаму.

Во групата Ц, Данска и Норвешка со нови вкупно четврти победи го заверија пласманот во следната рунда. Данците подобри беа од Австрија (28-17), додека норвежаните со (41-20) го совладаа Чиле.

Резултати: 

Група А: Русија – Бразил 23-25, Кореја – Србија 29-31, Германија – Франција

Табела: Франција 7, Германија 6, Русија 4, Бразил 4, Србија 3, Кореја 0

 

Група Ц: Саудиска Арабија – Тунис 20-24, Норвешка – Чиле 41-20), Австрија – Данска 28-17

Табела: Данска 8, Норвешка 8, Тунис 4, Австрија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0

OhridNews