
„Кариоките“ со триумфот над Русија покажаа дека триумфот вчера над Србија не бил случаен и во последната рунда ќе бркаат пласман во втората фаза.
Русите кои синоќа ремизираа против Германија потфрлија играјќи под своите можности и очекувања. Фаворитската улога им се удри од глава, а бразилците максимално го искористија бледото издание на руската репрезентација за победа.
Во петтата рунда Бразил игра против Кореја, додека Русија силите ќе ги одмери со Франција.
OhridNews









