Данската селекција е првиот учесник во финалето на 26-от Мундијал кој се одржува во Германија и Данска. „Црвено белите“ за пласман во финалето ја совладаа Франција победувајќи ја со 38-30 (21-15) во полуфиналето.

Репрезентацијата на Данска ја надигра Франција во сите сегменти. Одбраната која е заштитен знак на „триколорите“ немаше одговор за данскиот напад кој погодуваше се` и од секаде.

Микел Хансен немаше милост и со 12 погодоци беше најпрецизен во составот на Данска. Шест реализираше Лауге, а по пет пати прецизни беа Сван, Олсен и Захариеасен. Во француската селекција расположен за игра беше Мае кој застана на осум погодоци.

Данска во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Германија и Норвешка, а поразениот ќе игра со Франција во малото финале.

Финалните натпревари на програмата се в недела.

OhridNews