Вкупно 10 натпревари ќе понуди вториот ден од 26-то Светско првенство кое синоќа започна во Германија и Данска. Во четирите групи денеска ќе се одиграат мечевите од првата рунда во фазата по групи.

Ракометните возбудувања ќе започнат во 15 часот и 30 минути, а ќе ги најави нашата селекција која ќе се судри со Јапонија. Ова ќе биде премиера на македонската репрезентација на Мундијалот во Германија и Данска.

Покрај нашата средба за издвојување е дербито помеѓу Исланд и Хрватска во нашата група и пресметката помеѓу Србија и Русија во групата А.

Двојки:

Група А: Србија – Русија (18ч), Бразил – Франција (20:30ч)

Група Б: Јапонија – Македонија (15:30ч), Исланд – Хрватска (18ч), Бахреин  Шпанија (20:30ч)

Група Ц: Саудиска Арабија – Австрија (18ч), Тунис – Норвешка (20:30ч)

Група Д: Ангола – Катар (15:30ч), Аргентина – Унгарија (18ч), Египет – Шведска (20:30ч)

OhridNews