Шест натпревари во шест различни термини ќе се одиграат во третиот ден од ракометниот Мундијал кој се одржува во Германија и Данска. Мечевите започнуваат во 15 часот, а завршуваат во 20 часот и 30 минути.

На програмата се натпреварите од А и Ц групата, а во фокусот ќе биде дуелот помеѓу Франција и Србија. „Триколорите“ синоќа потешко од очекувањата го совладаа Бразил, додека Србија и скина бод на Русија.

Двојки:

Група А: Русија – Кореја (15:30ч), Германија – Бразил (18:15ч), Франција – Србија (20:30ч)

Табела: Германија 2, Франција 2, Русија 1, Србија 1, Бразил 0, Кореја 0

 

Група Ц: Австрија – Чиле (15ч), Норвешка – Саудиска Арабија (17:30ч), Данска – Тунис (20:15ч)

Табела: Данска 2, Норвешка 2, Австрија 2, Саудиска Арабија 0, Тунис 0, Чиле 0

OhridNews