Со денешните мечеви од групите Б и Д ќе се комплетираат натпреварите од втората рунда во фазата по групи на Мундијалот во Германија и Данска.

Ракометниот маратон денеска ќе го најави нашата селекција која во 14 часот ќе ги одмери силите со Бахреин. „Црвено жолтите“ имаа успешен старт победувајќи ја Јапониј, додека Бахреин изгуби од Шпанија.

Во преостанатите мечеви од групата Б ќе се сретнат  Хрватска – Јапонија (16:30ч) односно Шпанија – Исланд (19ч), додека во групата Д на програмата се мечевите Катар – Египет (15:30ч), Унгарија – Ангола (18ч), Шведска – Аргентина (20:30ч).

Двојки:

Група Б: Македонија – Бахреин (14ч), Хрватска – Јапонија (16:30ч), Шпанија – Исланд (19ч)

Табела: Македонија 2, Хрватска 2, Шпанија 2, Бахреин 0, Исланд, Јапонија 0

 

Група Д: Катар – Египет (15:30ч), Унгарија – Ангола (18ч), Шведска – Аргентина (20:30ч)

Табела: Шведска 2, Ангола 2, Унгарија 1, Аргентина 1, Катар 0, Египет 0

OhridNews