Петтиот ден од Мундијалот во Германија и Данска ќе понуди ракометен маратон за сите гурмани. На програмата се мечевите од третата рунда во А, Б, Ц и Д групите, што значи дека сите селекции ќе се борат денеска.

Македонската ракометна репрезентација забележа две победи совладувајќи ги Јапонија и Бахреин но вистинскиот ја очекува денеска во 18 часот против Хрватска предводена од Лино Червар на клупата. На „црвено жолтите“ потребна им е една победа во следните три мечеви за да го осигураат пласманот во втората фаза, а иста цел имаат хрватите кои ги совладаа исланѓаните и синоќа јапонците.

Покрај дуелот помеѓу Македонија и Хрватска во фокусот ќе биде дербито во групата А Русија – Германија. Вистинска штета што и овој меч се игра во 18 часот и се поклопува со терминот на нашата селекција.

Двојки:

Група А: Србија – Бразил (15:30ч), Русија – Германија (18ч), Франција – Кореја (20:30ч)

Табела: Германија 4, Франција 4, Русија 3, Србија 1, Бразил 0, Кореја 0

 

Група Б: Исланд – Бахреин (15:30ч), Хрватска – Македонија (18ч), Шпанија – Јапонија (20:30ч)

Табела: Шпанија 4, Македонија 4, Хрватска 4, Исланд 0, Бахреин 0, Јапонија 0

 

Група Ц: Тунис – Чиле (15ч), Норвешка – Австрија (17:30ч), Данска – Саудиска Арабија (20:15ч)

Табела: Данска 4, Норвешка 4, Австрија 2, Чиле 2, Тунис 0, Саудиска Арабија 0

 

Група Д: Унгарија – Катар (15:30ч), Аргентина – Египет (18ч), Шведска – Ангола (20:30ч)

Табела: Шведска 4, Унгарија 3, Катар 2, Ангола 2, Аргентина 1, Египет 0

OhridNews