Нема слободен ден и одмор за ракометарите на Мундијалот во Германија и Данска. Вчера се одиграа мечевите од третата рунда, а денеска на програмата се натпреварите од четвртата рунда во групите А и Ц.

Во првиот меч од групата А силите ќе ги одмерат Русија и Бразил, а потоа Кореја и Србија. Вечерниот термин е резервиран за првата супер пресметка на СП помеѓу домаќинот Германија и светската велесила Франција.

Трите натпревари во групата Ц живот значат односно бодовите се важни за пласман во следната фаза. Борба ќе биде за третото место на табелата, бидејќи Данска и Норвешка со максимален ефект го делат врвот.

Двојки:

Група А: Русија – Бразил (15:30ч), Кореја – Србија (18ч), Германија – Франција (20:30ч)

Табела: Франција 6, Германија 5, Русија 4, Бразил 2, Србија 1, Кореја 0

 

Група Ц: Саудиска Арабија – Тунис (16:15ч), Норвешка – Чиле (18:30ч), Австрија – Данск (20:45ч).

Табела: Данска 6, Норвешка 6, Австрија 2, Чиле 2, Тунис 2, Саудиска Арабија 0

OhridNews