Со несмалено темпо продолжуваат натпреварите во фазата по групи на Мундијалот во Германија и Данска. Денеска на програмата се мечевите од четвртата рунда во групите Б и Ц.

Во групата Б нашиот фокус ќе биде во вечерниот термин (20:30ч) кога Македонија ќе се судри со Шпанија. „Црвената фурија“ е фаворит, но нашите ракометари најавуваат борба без респект. Во преостанатите мечеви ќе се сретнат Јапонија – Исланд (15:30ч), Хрватска – Бахреин (18ч).

Групата Д не нуди некоја дерби пресметка, но со оглед дека е четврта рунда бодовите се од исклучително значење. Лидерот на табелата Шведска ќе се судри со Катар, Ангола против Аргентина, додека Унгарија ќе ги одмери силите со Египет.

Двојки:

Група Б: Јапонија – Исланд (15:30ч), Хрватска – Бахреин (18ч), Македонија – Шпанија (20:30ч)

Табела: Шпанија 6, Хрватска 6, Македонија 4, Исланд 2, Јапонија 0, Бахреин 0

 

Група Д: Ангола – Аргентина (15:30ч), Унгарија – Египет (18ч), Катар – Шведска (20:30ч)

Табела: Шведска 6, Унгарија 5, Катар 2, Ангола 2, Египет 2, Аргентина 1

OhridNews