Денеска на програмата во четирите групи на Мундијалот во Германија и Данска се решавачките мечеви од последната рунда во групната фаза.

Една од селекциите кои ќе брка победа за пласман е и Македонија. „Црвено жолтите“ во директен дуел со Исланд ќе одлучуваат за третиот патник во втората фаза од групата Б. Сигурни патници се Хрватска и Шпанија кои ќе се судрат во борба за првата позиција.

Натпреварите почнуваат од 15 часот, а ракометниот маратон завршува во 20 часот и 30 минути.

Двојки:

Група А: Бразил – Кореја (15:30ч), Германија – Србија (18ч), Франција – Русија (20:30ч)

Табела: Франција 7, Германија 6, Русија 4, Бразил 4, Србија 3, Кореја 0

 

Група Б: Бахреин – Јапонија (15:30ч), Македонија – Исланд (18ч), Шпанија – Хрватска (20:30ч)

Табела: Хрватска 8, Шпанија 8, Исланд 4, Македонија 4, Јапонија 0, Бахреин 0

 

Група Ц: Чиле – Саудиска Арабија (15ч), Австрија – Тунис (17:30ч), Данска – Норвешка (20:15ч)

Табела: Норвешка 8, Данска 8, Тунис 4, Австрија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0

 

Група Д: Египет – Ангола (15:30ч), Катар – Аргентина (18ч), Шведска – Унгарија (20:30ч)

Табела: Шведска 8, Унгарија 6, Египет 3, Аргентина 3, Катар 2, Ангола 2

OhridNews