Од денеска, на Светското првенство во ракомет, кое се одржува во Египет со полна програма ќе стартуваат натпреварите во Е, Ф, Г и Х групите.

Фокусот на македонската јавност ќе биде насочен во Г групата, каде нашата селекција во вечерниот термин (20:30 часот) против шведската репрезентација го отвора Мундијалот. „Викинзите“ во пресрет на дуелот се благи фаворити, но од македонскиот табор најавуваат борба до последен здив.

Дербито во вториот натпреварувачки ден се игра во Групата Е, а на мегдан ќе излезат Норвешка и Франција.

  • Двојки:

Група Е: Австрија – Швајцарија (18ч), Норвешка – Франција (20:30ч)

Група Ф: Алжир – Мароко (18ч), Португалија – Исланд (20:30ч)

Група Г: Египет – Чиле (35-29), Шведска – Македонија (20:30ч)

Група Х: Белорусија – Русија (15:30ч), Словенија – Јужна Кореја (18ч)