Селекцијата на Норвешка е вториот учесник во финалето на 26-от ракометен Мундијал, откако во полуфиналето во Хамбург го совладаа ко-домаќинот Германијс со 31-25 (14-12). Во мечот вреден златен медал норвежаните ќе се сретнат со Данска.

Избраниците на Кристијан Берге покажаа квалитет и карактер и без респект им се спротиставија на германците коi на своја страна ја имаа поддршката од публиката.

На стартот од мечот „панцирите“ добро отворија но норвежаните не потклекнаа и машки се изборија со почетниот притисокот. На средината од првото полувреме ракометарите на Норвешка го презедоа водството и го задржаа до крај (14-12).

Во второто полувреме констатно ја одржуваа разликата на семафорот, а германците имаа неколку неуспешни обиди за враќање во игра. Дури во финишот домашните ракометари внесоа мала неизвесност но норвежаните веднаш се стабилизираа и не дозволија финалето на организаторите на овој Мундијал.

Норвешка пред две години на СП во Франција го освои сребрениот медал претрпувајќи пораз во финалето од домаќинот, а и оваа година во последниот меч силите ќе ги одмери со еден од двата домаќини.

OhridNews