Репрезентација на Македонија нема да биде дел од светската ракометна елита. „Црвено жолтите“ во одлучувачкиот меч за пласман во главната фаза од Мундијалот во Германија и Данска претрпеа пораз од Исланд 24-22 (11-13).

Поразот и елиминацијата значи крај на сите надежи за пласман на Олимписките игри кој ќе беше шлагот на тортата на оваа ракометна генерација на Македонија предводена од Кирил Лазаров.

Првото полувреме ветуваше многу. Пулените на Раул Гонзалес отворија одлично, а Исланд констатно каскаше бркајќи негатива. „Црвено жолтите“ го диригираа темпото и со два позитива го заврши првиот дел со (13-11).

На стартот од вториот дел исланѓаните најдоа решение за разиграниот наш напад „седум на шест“, а одбраната не можеше да го издржи темпото. Водството од полувремето се стопи, а од 50-та минута Исланд не само водството туку го презеде и кормилото во мечот.

Во финишот и покрај нашиот обид за пресврт не успеавме. Исланд со 24-22 победи и заслужено ќе биде помеѓу 12-те најдобри во светот.

Македонската ракометна репрезентација ќе разигрува во Президент купот во кој се распределуваат од 13-то до 16-то место.

OhridNews