Македонската ракометна репрезентација забележа победа со 37-31 во првата од двете контролни средби со соодветната селекција на Србија.

Во ефикасен меч кој двете селекции го одиграа во СРЦ „Борис Трајкоски“ славеше нашата селекција. „Црвено жолтите“ од почеток до крај го контролираа резултатот, а предноста во неколку моменти од мечот беше двоцифрена.

Најрасположен за игра беше Дејан Манасков кој постигна девет голови додека Филип Кузмановски додаде шест. Кај Србите, поранешниот вардарец, Мијаило Марсениќ имаше три гола.

Вториот контролен меч двете селекции ќе го одиграат денеска под затворени врати далеку од очите на јавноста.

OhridNews