Актуелниот европски шампион Шпанија и се придружи на Хрватска на врвот од табелата во групата Б совладувајќи ја селекцијата на Јапонија со 26-22 (10-11).

„Црвената фурија“ мораше да се истроши, селекторот да ги искористи сите ракометари и адути да го скрши отпорот на Јапонија која одигра феномален натпревар.

Во првото полувреме шпанците констатно беа во негатива, но работите ги свртеа во вториот дел кој го започнаа со серија до 6-1. Од презамање на водството до финишот Шпанија не дозволи неизвесност иако јапонците имаа неколку обиди за враќање во игра.

Првата победа во групата Б каде се наоѓа и Македонија ја забележа селекцијата на Исланд. „Рибарите“ го декласираа Бахреин победувајќи го со 36-18. Нашата репрезентација претрпе пораз од Хрватска 31-22.

Резултати: 

Група А: Србија – Бразил 22-24, Русија – Германија 22-22, Франција – Кореја 33-23

Табела: Франција 6, Германија 5, Русија 4, Бразил 2, Србија 1, Кореја 0

 

Група Б: Исланд – Бахреин 36-18, Хрватска – Македонија 31-22, Шпанија – Јапонија 26-22

Табела: Шпанија 6, Хрватска 6, Македонија 4, Исланд 2, Бахреин 0, Јапонија 0

 

Група Ц: Тунис – Чиле 36-30, Норвешка – Австријa 34-24, Данска – Саудиска Арабија 34-22

Табела: Данска 6, Норвешка 6, Австрија 2, Чиле 2, Тунис 2, Саудиска Арабија 0

 

Група Д: Унгарија – Катар 32-26, Аргентина – Египет 20-22, Шведска – Ангола 37-19

Табела: Шведска 6, Унгарија 5, Катар 2, Ангола 2, Египет 2, Аргентина 1

OhridNews