Бранителот на трофејот на Мундијалот во Германија и Данска, Франција сигурно чекори кон пласман во полуфиналето, откако славеше против Исланд со 31-22 (15-11).

„Триколорите“ до вториот триумф во главната рунда стигнаа со фуриозен почеток на мечот. Исланѓаните немаа одговор за агресивната одбрана на французите кои почнаа со 6-0.. Потоа беше се рутина, како што знае само искусниот состав предводен од Диние Динар од клупата.

Да не биде се така „розово“ за фаворитите во групата се погрижи Бразил кој со 29-26 ја совлада Хрватска. „Коцкастите“ за поразот од „кариоките“ ќе се ваѓаат против домаќинот Германија, кој пак ја има првата меч топка за полуфинале.

 

Во втората група од главната рунда исто така има меч да се биде или не. Норвешка ќе се судри со Шведска. Норвежаните немаат право на кикс, а „викинзите“ со триумф ќе ги решат сите дилеми.

Главна рунда:

Група 1: Бразил – Хрватска 29-26, Исланд – Франција 22-31

Табела: Франција 7, Германија 5, Хрватска 4, Шпанија 2, Бразил 2, Исланд 0

 

Група 2: Унгарија – Тунис 26-21, Норвешка – Египет 29-27

Табела: Данска 6, Шведска 6, Норвешка 4, Унгарија 3, Египет 1, Тунис 0

OhridNews