Пред завршното коло во групите Г и Х, кое е на програмата денеска, познати се шест од осумте осминафинални двојки на Светското првенство во Катар.

Нокаут фазата стартува в сабота со дуелите меѓу Холандија – САД и Аргентина – Австралија, додека в недела ќе играат Англија – Сенегал и Франција – Полска.

Јапонија ќе игра против Хрватска (понеделник), додека Шпанија против Мароко (вторник).

Преостанатите две осминафинални двојки ќе бидат познати по разврската во групите Г и Х.

Бразил води на табелата во групата Г со 6 бодови, пред Швајцарија (3), Србија (1) и Камерун (1), додека во групата Х лидер е Португалија (60, пред Гана (3), Јужна Кореја (1) и Уругвај (1).

OhridNews