Тоа што ВМРО-ДПМНЕ започна да бара разрешување, или вклучување на нови членови во Комисијата за заразни болести го сметам за политиканство кое нема никаква основа, ниту рационалност и нема да донесе ништо добро“, ја оцени оваа иницијатива претседателот на Владата Оливер Спасовски во интервју за ТВ 24.

Премиерот Спасовски истакна дека Комисијата за заразни болести е составена од врвни професионалци, стручни луѓе кои ги согледуваат на научна основа сите состојби и предлагаат протоколи или други мерки, врз основа на кои Владата донесува политики во интерес на ефикасно справување со пандемијата од КОВИД-19.

Тој додаде дека политизирањето на било кој дел од здравствениот систем нема да донесе ништо добро и дека тоа е резултат на политиканство кое што се засилува периодот на предизборие што сака да го наметне опозицијата без да има аргументи за тоа.

Ситуацијата со коронавирусот е стабилна и во овие денови кога бројките на новозаразени е во пораст. Со кластерите од каде што доаѓа зголемувањето на бројот е воспоставена соработка со епидемиолошките служби и епидемиолошката слика сега многу појасна. – рече премиерот Спасовски и додаде дека ќе се следи и анализира ситуацијата врз основа на што ќе се носат одлуки дали ќе има потреба од дополнителни локални рестриктивни мерки.

OhridNews