Македонската ракометна репрезентација ќе одигра два контролни натпревари пред почетокот на Светското првенство ко ќе се одржи во Германија и Данска од 10 до 27 јануари.

„Црвено жолтите“ во двете тест средби силите ќе ги одмерат со селекцијата на Србија. Првиот меч ќе се одигра на 4 јануари со почеток во 20 часот и тој ќе биде отворен за јавноста, додека вториот дуел ќе се одигра ден подоцна под затворени врати.

Избраниците на Раул Гонзалес во групата на Мундијалот се наоѓаат со Јапонија, Бахреин, Шпанија, Исланд и Хрватска, додека србите ќе се судрат против Франција, Русија, Германија, Бразил и Кореа.

Селекторот Раул Гонзалес го скрати списокот на 22 ракометари, а ќе треба да отпаднат уште шестмина за да се официјализира ростерот на нашата репрезентација.

OhridNews