На денешен ден православните верници го празнуваат празникот посветен на Св. Григориј Богослов.

Роден е во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред да се крсти учел во Атина заедно со Св. Василиј Велики и со Јулијан Отстапник. Врз Григориј особено влијаела неговата мајка Нона. Кога го завршил школувањето го примил Светото Крштение. Свети Василиј го ракоположил за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повикал на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Составил многубројни дела од кои најславни му се теолошките, поради што е и наречен Богослов.

Умрел на 7 февруари 389 година и на овој ден светата црква го празнува неговиот ден. Денес главата му се наоѓа во Москва, а другиот дел од телото во Рим.

Јасминка Т. Момироска