Светата православна црква денес го празнува споменот на светиот маченик Нестор, кој со благослов на Свети Димитрија, го убил гладијаторот Лео.

Со празнувањето на овој празник во Македонија се поврзани повеќе обичаи и верувања. Според народното верување во Кумановско овој ден се се смета за празник на глувците и таму го викаат „глушчов ден“ и тогаш не се работи за да не го јадат глувци житото и брашното.Според верувањето тогаш не се буричка во брашното и не се дава заем за да не го разнесуваат глувците. Истото верување е забележано и во Битолско.

На овој ден се саделе овошки и лози зошто се верувало дека сигурно ќе се фатат. Свети Нестор, за свој покровител го имале мајсторите (ѕидарите).

Јасминка Т. Момироска