Житието на Свети Јоаким Осоговски сведочи дека тој се угледал на Игнатиј Богоносец „упатувајќи се како ѕвезда многусветла од запад кон исток, дојде во областите на планините Осоговски“. Пустиножителството Свети Јоаким го започнал во селото Градец, во Осоговскиот крај, а потоа засегогаш се населил во една пештера во местото Бабин Дол во близината на Сарандапорската река, каде што останал до крајот на животот. Житието на овој светец сведочи дека педесет години по неговата смрт на местото каде што почивале неговите мошти бил ставен камен темелник на манастир што го носел неговото име.
Свети Јоаким Осоговски живеел во втората половина на 11-ти век, а умрел во почетокот на 12-ти век. Бил наречен Сарандапорски поради местото каде што живеел. Бил многу почитуван за што сведочи и неговата служба датирана во 13-ти век.
Манастирскиот комплекс на Јоаким Осоговски бил светилиште на неговиот култ независно од црковните и политичките услови низ кои поминувал осоговскиот крај.
По повод празникот, денеска, 29 август, во манастирот „Свети Климент и Памтелејмон“ – Плаошник ќе се служи света архиерејска литургија со почеток во 8.45 часот, со која ќе чиноначалствува Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Потребни се итни решенија за струшката депонија, која повеќе од две децении претставува сериозен еколошки и здравствен ризик за населението Ова е заклучокот од јавната расправа насловена „Од дива д...
Тридневниот атлетски викенд започнува со ноќна трка, а кулминацијата е во недела со полумаратонот и трката на 5 километри Охрид од денес до 7 јуни е домаќин на јубилејното 10-то издание на атлетски...
Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето Над 2700 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „О...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.