Комисијата за лиценцирање при Фудбалската Федерација на Македонија на деншниот состанок ги разгледа барањата за лиценца на клубовите кои се пријавија за учество во натпреварувањата во организација на ФФМ за Прва лига за сезона 2011/2012.


Согласно роковите опишани во правилникот за лиценцирање ФФМ одлучи да им се додели лиценца на клубовите: ФК Работнички – Скопје, ФК Ренова – с.Џепчиште, Тетово, ФК Шкендија – Тетово, ФК Металург – Скопје, ФК Силекс – Кратово, ФК Хоризонт – с.Турново, ФК Брегалница 2008 – Штип, ФК Напредок – Кичево, ФК Вардар – Скопје, ФК Охрид 2004 – Охрид,  ФК 11 Октомври – Прилеп.

Единствено клубот ФК Тетекс – Тетово не доби лиценца за учество во натпреварувањата организирани од ФФМ во Првата Македонска фудбалска лига за сезона 2011/2012.

Согласно постапката од Правилникот за лиценцирање, Клубот барател на лиценца има право на жалба.

Ohridnews